ГРУПАТА „МАЈКИТЕ НА СРЕБРЕНИЦА“ ПОБАРА ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА НА ПЕТЕР ХАНДКЕ

    ГРУПАТА „МАЈКИТЕ НА СРЕБРЕНИЦА“ ПОБАРА ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА НА ПЕТЕР ХАНДКЕХандке им даваше поддршка на српскиот национализам и на Слободан Милошевиќ за време на војните во поранешна Југославија (Фото: Ројтерс)

    Групата „Мајките на Сребреница“, која ги обединува роднините на жртвите на најголемиот масакр во Европа по Втората светска војна, побара од Нобеловиот комитет да ја повлече одлуката да му се додели Нобелова награда за литература на Петер Хандке.

    Австрискиот автор важи за контроверзна личност поради неговата поддршка на српскиот национализам и на Слободан Милошевиќ за време на војните во поранешна Југославија.

    „Оваа одлука нѐ навреди и нѐ боли. Мајките на Сребреница ги изгубија своите синови, сопружници и браќа и Нобеловиот комитет требаше да знае кој е тој човек“, изјави Мунира Субашиќ од „Мајките на Сребреница“.

    Освен што се спротивстави на бомбардирањето на Србија од страна на НАТО, поради што одби да прими угледни литературни награди во Германија, тој исто така го негираше геноцидот во Сребреница.

    Хандке, кој одржа говор на српски на погребот на Милошевиќ, изјави дека ја чувствува среќата на Србите за наградата што ја добива.

    „Вечерва ќе се напијам српска ракија и чаша бело вино“, изјави Хандке за српската државна телевизија.

    Косово, Албанија и ПЕН Америка исто така ја критикуваа одлуката на Нобеловиот комитет.

    „Никогаш не сум помислил дека би можело да ми се повраќа поради Нобелова награда“, кажа албанскиот премиер Еди Рама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира