ФАТЕНО И КАЗНЕТО ЛИЦЕ КОE СО КАМИОН ИСТУРА ЃУБРЕ НА НИВА ВО СКОПСКО БАРДОВЦИ

    ФАТЕНО И КАЗНЕТО ЛИЦЕ КОE СО КАМИОН ИСТУРА ЃУБРЕ НА НИВА ВО СКОПСКО БАРДОВЦИКомуналните редари на Град Скопје го затекнале и направен е записник врз основа на кој инспекторите во Градот ќе изречат казна во висина од 200 до 1.000 евра. (Фото: Град Скопје)

    Комуналните редари на Град Скопје денеска фатија и казнија лице како истура ѓубре. Лицето од камион полн со градежен материјал, ѓубрето го истурал на нива во атарот на селото Бардовци. Комуналните редари го затекнале и направен е записник врз основа на кој инспекторите во Градот ќе изречат казна. Исто така, лицето било задолжено да го собере целиот отпад и соодветно да го одложи.

    „Замени се податоци од лицето и во понеделник испекторите врз основа на записникот ќе одредат казна која се движи од 200 до 1.000 евра. Комуналните редари имаат овластување да пишат само казна од 50 евра според Законот за јавна чистота. Затоа во вакви случаи, се прави записник и потоа се изрекува повисока казна. Инспекторите и комуналните редари изминатиов период постојано се на терен и така ќе продолжиме во наредниот период“, вели раководителот на Инспекторатот на Град Скопје Мирослав Богдановски.

    Во четвртокот, инспектори од Град Скопје фатија лица од болниците „Ремедика“ и „Диамед“ како фрлаат медицински отпад во контејнерите за ѓубре.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира