ПРВ ИЗБОРЕН ПОРАЗ НА ОРБАН ОД 2010, ОПОЗИЦИЈАТА ЈА ДОБИ БУДИМПЕШТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    ПРВ ИЗБОРЕН ПОРАЗ НА ОРБАН ОД 2010, ОПОЗИЦИЈАТА ЈА ДОБИ БУДИМПЕШТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИГергели Карачони доби поддршка од голем број опозициски партии (Фото: Ројтерс)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан го претрпи првиот изборен пораз од доаѓањето на власт во 2010 година, бидејќи опозициски кандидат ќе биде нов градоначалник на Будимпешта.

    Четириесет и четиригодишниот Гергели Карачони, кој доби поддршка од голем број опозициски партии од широк политички спектар, ја опиша победата како историска. Проевропски ориентираниот Карачони освои 51% од гласовите, додека за досегашниот градоначалник Иштван Тарлош гласаа околу 44%. Тарлош, кој беше на функцијата од 2010, телефонски му честиташе на Карачони на победата.

    „Ќе го однесеме овој град од 20. во 21. век. Будимпешта ќе биде зелена и слободна и ќе ја вратиме Европа во неа“, изјави Карачони.

    Тој ја спореди трката за Будимпешта со онаа од локалните избори во Турција во март, кога кандидатот на претседателот Ердоган беше поразен во Истанбул од опозицијата.

    „Истанбул гласаше против агресивна нелиберална власт, многу слична на режимот на Орбан“, додаде Карачони.

    Опозицијата победи во десет од 23 поголеми градови во Унгарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира