ГРУЕВСКИ МУ ОТКАЖА ПОЛНОМОШНО НА АДВОКАТ СРЕДЕ СУДЕЊЕТО ЗА „ТАЛИР”, СУДИЈКАТА ЌЕ МУ БАРА НОВ, НО ЗА СЛЕДНОТО РОЧИШТЕ

    ГРУЕВСКИ МУ ОТКАЖА ПОЛНОМОШНО НА АДВОКАТ СРЕДЕ СУДЕЊЕТО ЗА „ТАЛИР”, СУДИЈКАТА ЌЕ МУ БАРА НОВ, НО ЗА СЛЕДНОТО РОЧИШТЕСудењето за „Талир“, во кој е обвинет и Никола Груевски, треба конечно да почне на 21 ноември (Фото: СДК.МК)

    Судскиот процес за незаконската градба на палатата на ВМРО-ДПМНЕ, во кој се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски, пак не почна, зашто Груевски непосредно пред почетокот му откажал полномошно на својот адвокат.

    Место судијката Даниела Алексова-Стојановска веднаш да назначи адвокат по службена должност, таа го одложи судењето за 21 ноември 2019.

    За разлика од неа, судијката Добрила Кацарска од истиов Основен суд Скопје 1 даде кратка пауза кога среде судење адвокат откажа полномошно на обвинет во организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, веднаш најде адвокат по службена должност и судењето продолжи без застој.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира