МАНУ И МПЦ СО ИЗЛОЖБА НА ИКОНИ СЛАВАТ 200 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ДИЧО ЗОГРАФ

    МАНУ И МПЦ СО ИЗЛОЖБА НА ИКОНИ СЛАВАТ 200 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ДИЧО ЗОГРАФЌе бидат изложени 25 икони и десет репродукции, повеќето од црквите во Мала Река и Дебарско

    Вечерва во 19 часот во Ликовниот салон на МАНУ ќе се отвори изложбата „Иконите на Дичо Зограф“ посветена на еден од најпознатите иконописци и фрескосликари на Балканот во 19. век. Изложбата ќе трае до 25 октомври.

    Дичо Зограф (Димитар Крстев Дичов, познат и како Дичо Крстевиќ) во својот живот насликал повеќе од 2.000 икони за црквите во Македонија, Србија и Грција.

    Ќе бидат изложени 25 икони и десет репродукции, повеќето од црквите во Мала Река и Дебарско, од Тресонче, Росоки, Сенци, предмети од Бигорскиот манастир, како и икони од струшка Малесија, од Селци.

    На отворањето ќе говорат претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и д-р Сашо Цветковски од ИЦКН „Цветан Грозданов“ при МАНУ.

    МАНУ и МПЦ –  Охридска архиепископија за утре и задутре го најавуваат меѓународниот научен собир „200 години Дичо Зограф (1819-2019)“. Собирот на историчарите и историчарите на уметност ќе заврши со посета на Бигорскиот манастир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира