ДВА МЕСЕЦА УЛИЦАТА ЛАЗАР ДИМИТРОВ СТОИ РАСКОПАНА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТЕМЕЛКОВСКИ ВЕЛИ СЕ ПОСТАВУВАЛЕ ПОДЗЕМНИ ПРИКЛУЧОЦИ

    ДВА МЕСЕЦА УЛИЦАТА  ЛАЗАР ДИМИТРОВ СТОИ РАСКОПАНА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТЕМЕЛКОВСКИ ВЕЛИ СЕ ПОСТАВУВАЛЕ ПОДЗЕМНИ ПРИКЛУЧОЦИОпштината кон почетокот на август почна до градежни работи за реконстуркција на оваа улица, но како што велат жителите, тие никако да завршат.(Фото: СДК.МК)

    Улицата Лазар Димитров во населбата 11 Октомври во Општина Кисела Вода два месеца стои раскопана. Општината кон почетокот на август почна до градежни работи за реконстуркција на оваа улица, но како што велат жителите, тие никако да завршат.

    „Граѓаните од овој дел на Кисела Вода живеат во заложништво на Општината. Ниту едно од семејствата не е во можност да влезе со својот автомобил до своите домови, станува збор за повеќе од 50-ина куќи. Во случај на ненадеен пожар, противпожарно возило нема да биде во можност да се пробие, уште помалку амбулатно возило во случај на итна помош. Неофицијално, добивме информација дека Општината во меѓувреме го потрошила буџетот на асфалтирање други улици, па затоа не може да ја финализира оваа улица“, велат жители на улицата Лазар Димитров.

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски вели дека реконструкцијата трае подолго поради поставување подземни инсталации.

    „Кога веќе ја раскопавме улицата побаравме од ЕВН и другите фирми да го постават приклучоците под земја, за да  не се прекопува повторно откако ќе ја асфалтираме. Чекавме да завршат овие работи. Не е точно дека парите сме ги потрошиле за други улици. Фирмата која работеше тука во меѓувреме ја пративме на друга локации, каде завршува со работа в петок и потоа се префлува на улицата Лазар Димитров. Најдоцна за две недели улицата ќе биде асфалтирана“, вели Темелковски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира