МОРАМЕ ДА ОПСТОИМЕ НА ДАДЕНИТЕ ВЕТУВАЊА КОН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА, ВЕЛИ МЕРКЕЛ ПРЕД САМИТОТ НА ЕУ

    МОРАМЕ ДА ОПСТОИМЕ НА ДАДЕНИТЕ ВЕТУВАЊА КОН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА, ВЕЛИ МЕРКЕЛ ПРЕД САМИТОТ НА ЕУМеркел признава дека шансите да добиеме датум на претстојниот самит на ЕУ не се баш добри (Фото: Дојче веле)

    Германската канцеларка Ангела Меркел уште еднаш истакна дека на Северна Македонија и Албанија треба да им се даде датум за почеток на преговори со Европската Унија, објави македонскиот сервис на „Дојче веле“. Таа се обрати во Бундестагот во пресрет на денешниот самит на ЕУ и изјави дека двете балкански држави заслужуваат да имаат европска перспектива.

    „Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие две земји. Ние имаме одговорност кон нив и мислам дека се исплаќа да им се даде европска перспектива на Северна Македонија и Албанија. Во меѓувреме се изградени мостови кон ЕУ-партнерите, кои сѐ уште имаат задршки за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и инсистираат на поголема транспарентност на процесот на проширување. Сепак, шансите за постигнување согласност на самитот на ЕУ не се добри“, призна Меркел, а пренесе „Дојче веле“.

    Таа додаде дека Германија чувствува приврзаност кон земјите од Западен Балкан и затоа сака тие да се приклучат кон Европска Унија.

    Ова уследи по нејзината вчерашна средба со францускиот претседател Макрон, кој им порача на Македонија и Албанија уште малку да се стрпат пред да добијат одобрување за почеток на преговори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира