Една жена почина, а пет други лица се повредени во напад со нож во центарот на Лондон на Расел сквер во средата навечер.
Една од жртвите, жена на возраст од околу 60 години била медицински третирана на самото место, но набрзо била прогласена за мртва.
Скотланд јард потврди дека со нож се повредени и две жени и тројца мажи.
Напаѓачот е е 19 годишен маж кој бил фатен од полицијата. Првите извештаи се дека „ментално здравје е значаен фактор“ во настанот.
Случајот го води специјална едниница за убиства со поддршка од единицата за борба против тероризмот.