ЗА 10 ДЕНА ВОЛОНТЕРИТЕ НА ЦРВЕН КРСТ ИМ ПОМОГНАЛЕ НА НАД 3.000 ПАЦИЕНТИ ПОЛЕСНО ДА СЕ СНАЈДАТ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ

    ЗА 10 ДЕНА ВОЛОНТЕРИТЕ НА ЦРВЕН КРСТ ИМ ПОМОГНАЛЕ НА НАД 3.000 ПАЦИЕНТИ ПОЛЕСНО ДА СЕ СНАЈДАТ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИМинистерството за здравство вели дека проектот со кој волонтери од црвениот крст им помагаат на пациентите полесно да се движат низ скопските клиники и полесно да дојдат до одделот каде се упатени одлично функционира и дека ќе продолжи и натаму (Фото: Министерство за здравство)

    Волонтерите од Црвениот крст за 10 дена им помогнале над 3.000 пациенти полесно да се снајдат низ клиничкиот центар и да дојдат до потребната клиника на преглед, снимање или анализа. Во заеднички проект на Министерството за здравство и Црвениот крст беа ангажирани петнаесет волонтери, кои беа распоредени на седум локации, односно на паркингот во клиничкиот центар, потоа на хируршките и интерните клиники, инфективна клиника, клиниката за гинекологија и акушерство, клиниката за токсикологија и клиниката за кардиологија.

    Волонтерите велат дека во ова се вклучиле од хуман аспект и дека луѓето што доаѓаат на лекар сами им приоѓаат и им кажуваат дека ваква мерка била неопходна, бидејќи полесно доаѓаат до потребното место каде се упатени. Тие велат дека ќе продолжат да помагаат и да ја олеснуваат работата.

    Од Министерството за здравство велат дека нивните истражувања покажале дека пациентите имаат проблем да се снајдат во клинички центар. Волонтерите се ангажирани секој ден од 8.30 до пладне.

    „На овој начин им овозможуваме полесно да ги најдат одделите и докторите, а со тоа и побрзо да ја добијат неопходната здравствена услуга. Оваа форма на помош функционира и на други клиники во Европа и од тамошната јавност е препознаена како добра практика“, велат од Министерството за здравство.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира