ИЗЈАВАТА НА МИЛОШОСКИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМЕТО Е ВЕРОЈАТНО ДАДЕНА ВО ИЗБОРЕН КОНТЕКСТ, ВЕЛИ ТИМОНИЕ

    ИЗЈАВАТА НА МИЛОШОСКИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМЕТО Е ВЕРОЈАТНО ДАДЕНА ВО ИЗБОРЕН КОНТЕКСТ, ВЕЛИ ТИМОНИЕСпоред Тимоние, начинот на кој што се разговара за оваа тема е доста хипотетички за модалитети за внатрешна ревизија за кои што се чинат како шпекулации. - Антонијо Милошоски; Кристијан Тимоние (Фото: СДК.МК/МИА)

    Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние смета дека изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски дека разгледуваат начини да го вратат старото уставно име не е пристап на поранешен министер за надворешни работи, бидејќи и македонската и грчката опозиција дале гаранции дека договорите и со Бугарија и со Грција ќе се почитуваат.

    „Мислам дека еден поранешен министер не може да излезе од оваа линија освен кога станува збор за изборен контекст во рамки на кампања во која јас нема да навлегувам“, рече Тимоние на денешната прес-конференција за блокадата на Франција за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

    Тој рече дека го видел написот, но од него не разбрал дека тоа е официјална позиција на неговата партија и дека се прашува за корисноста на тие изјави во однос на стабилизација на регионот.

    Според него, начинот на кој што се разговара за оваа тема е доста хипотетички за модалитети за внатрешна ревизија кои што се чинат како шпекулации.

    „Не сакам да се сомневам во пристапот кој што го има поранешен министер за надворешни работи до сериозен весник“, рече Тимоние.

    Во интервју за германскиот весник ФАЦ, Милошоски, кој е поранешен министер за надворешни работи, кажа дека е комплицирано, но постојат начини да се врати старото уставно име.

    „Постојат начини да и го вратиме на државата нашето старо уставно име ’Македонија‘. Сепак, сите тие се многу комплицирани. Една можност би била нашиот Уставен суд да го прогласи договорот за ништовен и неважечки. Ова може да се направи врз основа на минатогодишниот референдум, на кој немаше мнозинство за укинување на старото име“, вели Милошоски. Како втора опција, Милошоски ги споменува пратениците кои, како што вели тој, под закана и притисок, против својата волја гласале за преименувањето.

    „Доколку тие најдат храброст по промената на власта, јавно да проговорат за тоа и да сведочат пред Јавното обвинителство, тоа може да ја промени атмосферата и да обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот за враќање на стариот Устав“, рече Милошоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира