12 ОПШТИНИ ДОБИЈА 2,6 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СВЕТСКА БАНКА ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ, ВОДОВОДИ И ГРАДИНКИ

    12 ОПШТИНИ ДОБИЈА 2,6 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СВЕТСКА БАНКА ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ, ВОДОВОДИ И ГРАДИНКИСо проектот се опфатени општините Тетово, Кочани, Делчево, Брвеница, Бутел, Дебрца, Илинден, Кисела Вода, Гази Баба, Гевгелија и Чешиново Облешево.(Фото: Министерство за финансии)

    Дванаесет општини добија поволни кредити и грантови во висина од 165 милиони денари од Светска банка за реализација на инфраструктурни проекти, во рамките на проектот за подобрување на општинските услови.

    Од вкупните средства 138 милиони денари се заеми со поволни камати од под еден отсто, а останатите 28 милиони денари се грантови. Со проектот се опфатени општините Тетово, Кочани, Делчево, Брвеница, Бутел, Дебрца, Илинден, Кисела Вода, Гази Баба, Гевгелија и Чешиново Облешево.

    Општина Тетово со заемот од 60,6 милиони денари ќе работи на продолжување на булеварот Видое Смилевски Бато, Општините Кочани и Делчево со заемот ќе градат улици, Кисела Вода ќе реконструира градинка, Гази Баба и Гевгелија ќе изведуваат водоводна мрежа, Општина Илинден ќе гради скејт парк, а Општина Бутел ќе купува метлачка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира