2.044 БИТОЛЧАНИ ЛАНИ СЕ ЛЕКУВАЛЕ ОД РАК ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    2.044 БИТОЛЧАНИ ЛАНИ СЕ ЛЕКУВАЛЕ ОД РАК ВО БИТОЛА

    Дури 2044 битолчани минатата година биле стационарно лекувани од малигни заболувања во битолската болница. Оваа загижувачка бројка ја соопшти Центарот за јавно здравје за битолската телевизија Орбис.

    Според евиденцијата на оваа установа, во периодот од први јануари до 31 декември 2015 година во болницата во Битола од малигни заболувања биле лекувани 768 мажи и 1.276 жени. Поради болеста пациентите од двата пола вкупно искористиле над 15.000 болнички денови, односно мажите 5.838, а жените дури 9.989 дена.

    Ова не е вкупната бројка на заболени битолчани од ова тешко заболување, со оглед на тоа дека дел од нив се лекуваат или терапијата ја примаат во Скопје. Битолската болница се уште нема Одделение за хематологија, па оние со малигни заболувања на крвта и лимфата се третираат во Скопје.

    За годинава здравствените институции во градот засега немаат вкупна бројка колку лица се лекувале од рак.

    Статистиките  од пред две години покажуваа дека во Битола болнички се лекуваа 1.000 пациенти од малигни заболувања, а 3.000 се следеа. Тогаш секој ден во Битола се регистрираше по едно ново лице заболено од рак, секоја недела по една жена со рак на дојка и неделно по два случаи со белодробен карцином.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира