22-ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ПОЧИНА ОД КОМПЛИКАЦИИ НА КОВИД-19

    22-ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ПОЧИНА ОД КОМПЛИКАЦИИ НА КОВИД-19Момчето починало на Инфективната клиника во Скопје, но пред тоа се лекувало на Инфективното одделение од Велешката болница. (Фото: СДК.МК)

    Дваесет и две годишно момче од Свети  Николе утрово почина од последиците од ковид-19, соопшти градоначалникот на Велес Аце Коцевски откако низ градот се пронесе веста дека починало младо момче кое лежело во велешката болница.

    Момчето починало на Инфективната клиника во Скопје, но пред тоа се лекувало на Инфективното одделение од Велешката болница. Поради компликациите минатата среда дена бил итно пренесен  во Скопје. Од Инфективната клиника во Скопје велат дека пациентот имал коморбидитети, односно висок крвен притисок, епилепсија и прекумерна телесна тежина.

    Коцевски апелираше до жителите на Општина Велес да ги почитуваат мерките за заштита затоа што бројот на заразени со ковид-19 во општината се зголемува.

    „Ова треба да нè загрижи, оти за последните десетина дена, според бројките на Центарот  за јавно здравје од Велес, имаме 31 новоинфициран, што е сериозно зголемување. Затоа, треба да се почитуваат препораките за држење растојание и носење на заштитна маска“, рече Коцевски.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира