300 МИЛИОНИ ЕВРА ЧИНАТ МЕРКИТЕ ШТО ТРЕБА РЕК ДА ГИ СПРОВЕДЕ ЗА ДА ДОБИЕ „А“ ИНТЕГРИРАНА ЕКО ДОЗВОЛА

    300 МИЛИОНИ ЕВРА ЧИНАТ МЕРКИТЕ ШТО ТРЕБА РЕК ДА ГИ СПРОВЕДЕ ЗА ДА ДОБИЕ „А“ ИНТЕГРИРАНА ЕКО ДОЗВОЛАНа јавната расправа за нацртот за А интегрираната еколошка дозвола за РЕК Битола присуствуваа само неколку еколошки здруженија и еко активисти од Битола, иако за производството во РЕК многу невладини организации од цела држава се пофалиле со истражувања и забелешки. (Фото: СДК.МК)

    Нацртот за А интегрираната еколошка дозвола за РЕК Битола денес конечно беше поставен на јавна расправа пред надлежните институции, еколошките здруженија и граѓаните. Дозволата содржи 84 страници со бројни услови кои РЕК ќе треба да ги сопроведи до 2026, за да се задоволат еколошките стандарди во производството на струја од јаглен.

    За издавања на оваа дозвола беше аплицирано уште во 2007 и требаше да биде завршена постапката до 2014. Но, поради неспроведување на потребните мерки за подобрување на еколошките параметри во производниот процес во тој период, постапката беше закочена. Пред две години барањето се реактивира и се започнаа преговори со Министерството за животна средина.

    Директорот на РЕК „Битола“ Златко Ќурчиевски вели дека во следните шест години АД ЕСМ во мерките кои ќе треба да се спроведат ќе вложи 300 милиони евра.

    „Подготвени сме да се справиме со предизвиците, во нашите финансиски проекции влезени се овие средства, сукцесивно се поделени по години. Започнуваме со постапката за објавување оглас за реконструкција на електростатските филтри, во текот на овој месец треба да започне. Реконструкцијата на филтрите сукцесивно ќе се довива 2020, 2021 и 2022 година. Од 2022 до 2023 треба да ја започнеме и постапката за добивање потројка за десулфуризација и целиот процес со двете најголеми ставки од оперативниотв план да завршат конечно во 2026 година“, рече Ќурчиевски.

    Беса Татеши, советник за индустриско згадување при Министерство за животна средина, рече дека дозволата сега е во нацрт-фаза и остануваат отворени за јавноста за сите забелешки и коментари.

    На јавната расправа присуствуваа само неколку еколошки здруженија и еко активисти од Битола, иако за производството во РЕК многу невладини организации од цела држава се пофалиле со истражувања и забелешки. Немаше ни многумина битолчани, иако на социјалните мрежи изразуваат голема загиженост.

    Татеши беше прашана зошто за периодот од 2007 до 2014 кога не биле преземани соодветни мерки не се изречени казни, таа одговори дека казни се предвидени дури откако ќе се издаде дозволата во случај да се прекине со понатамошното спроведување на потребните мерки.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари