Невреме, проследено со 40-минутни врнежи од град, предизвика големи штети во села од Крушевско и Могила. Градот ги уништи насадите со пиперки и кромид во едно од најголемите крушевски села Бучин.
„Вакво невреме не паметиме. Гледавме на часовникот, паѓаше град цели 40 минути. Ги сотре пиперките и кромидот, а предизвика и штети кај тутунот“, велат жителите.
Во Бучин има над 500 жители, од кои поголемиот дел одгледуваат пиперките и кромид, па претрпеа големи штети.
Ж. ЗДРАВКОВСКА