50 ГУМИ ИЗВАДЕНИ ОД ВАРДАР ВО СКОПЈЕ, ЌЕ СЕ ДОНИРААТ ВО ЗООЛОШКА ЗА РЕКВИЗИТИ НА ЖИВОТНИТЕ

    50 ГУМИ ИЗВАДЕНИ ОД ВАРДАР ВО СКОПЈЕ, ЌЕ СЕ ДОНИРААТ ВО ЗООЛОШКА ЗА РЕКВИЗИТИ НА ЖИВОТНИТЕВо акцијата учествуваа граѓани, риболовни друштва и нуркачки клубови.(Фото: К. Попов)

    Граѓани, риболовни друштва и нуркачки клубови денеска ја чистеа реката Вардар во Скопје од фрлени гуми. Под Камениот мост беа извадени педесетина гуми од автомобили и камиони.

    Од граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, што ја организира акцијата, рекоа дека гумите ќе бидат однесени во скопската Зоолошка градина, за реквизити за животните.

    Во акцијата се вклучија нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, а е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести.

    Се чистеше Вардар од гуми под Камениот мост. (Фото: К. Попов)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира