СОБРАНИ 680 ТОНИ ОТПАД НА ШЕСТАТА ЕКО-АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

    СОБРАНИ 680 ТОНИ ОТПАД НА ШЕСТАТА ЕКО-АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“За шест години постоење, акцијата успеа вкупно да мобилизира повеќе од 170.000 граѓани и беа собрани вкупно 2,2 милиони килограми отпад. - Од годинашната акција во Врапчиште. (Фото: „Генералка викенд“)

    Над 70 илјади граѓани собраа околу 680 тони отпад на шестата по ред еко-акција „Генералка викенд“, која се одржа од 8 до 10 мај на повеќе од 500 локации низ целата земја.

    Според информациите од организаторите, собрани се вкупно 684.777 килограми отпад, имаше 70.688 учесници и беа вклучени над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, училиштата од целава земја и голем број компании.

    Овие еко-акции се организирани од „Мен енд Маунтен“, со поддршка од нивните официјални партнери „Пивара Скопје“, „Пакомак“, „Нула отпад“, „Макстил“, ЕВН, „ИУТЕ“, „Заубермахер“, „КАЗ груп“ и „Шпаркасе банка“ и во соработка со општините и Црвен крст.

    „По завршувањето на еко-акцијата, отпадот беше собран и подигнат од локалните комунални претпријатија и професионално депониран. Селектираниот отпад како пластика, лименки и хартија го подигна ‘Пакомак’, а електронскиот отпад го презеде ‘Нула отпад’. Една од најважните придобивки на иницијативата е што ја надмина поделбата на ‘надлежни’ и ‘граѓани’. Заедничкото делување на граѓанската посветеност и институционалната поддршка овозможи значителна промена кон подобро во нашето општество. Институциите имаат обврска да го собираат и управуваат отпадот, но секој од нас треба правилно да го депонира својот отпад и да ги почитува јавните простори“, велат Гордана Софија и Ханес Јекл, идејните творци на „Генералка викенд“.

    За шест години постоење, акцијата успеа да мобилизира повеќе од 170.000 граѓани и беа собрани вкупно 2,2 милиони килограми отпад.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира