АДВОКАТОТ АЛЕКСАНДАР ТОРТЕВСКИ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ НА ТВОЈА ПАРТИЈА

    АДВОКАТОТ АЛЕКСАНДАР ТОРТЕВСКИ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ НА ТВОЈА ПАРТИЈАТортевски кажа дека ќе настапи под мотото „Избори се сам, избори се за твојот град“.(Фото: Твоја партија)

    Адвокатот Александар Тортевски најави кандидатура за градоначалник на Град Скопје како кандидат на Твоја партија. На денешната прес-конференција Тортевски рече дека мотото на неговата кампања со која ќе се претстави пред Скопјани ќе биде „Избори се сам, избори се за твојот град“.

    „Второто мото со кое ќе настапам е дека помеѓу две зла немој да го избереш помалото затоа што такво нешто не постои. Помало зло е само ако не е на власт, кога ќе се врати повторно ќе биде зло“, рече Тортевски на прес-конференцијата во Градскиот парк заедно со членови на Твоја партија.

    Покрај Тортевски, кандидатура за градоначалник на Скопје поднесоа актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска која собираше потписи како независен кандидат, поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска е кандидат на граѓанската иницијатива Зелен хуман град, а пејачот и глумец Петар Георгиевски-Камиказа ќе биде кандидиран од Левица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира