АКАДЕМИК АБДУЛМЕНАФ БЕЏЕТИ ИЗБРАН ЗА РЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ВО ТЕТОВО

    АКАДЕМИК АБДУЛМЕНАФ БЕЏЕТИ ИЗБРАН ЗА РЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ВО ТЕТОВОАбдулменаф Беџети досега работеше како редовен професор на факултетот за Бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа.

    На посебна седница, со тајно гласање од страна на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), академик Абдулменаф Беџети денеска е избран наредните четири години да го води Универзитетот. Новиот ректор доаѓа на оваа место по завршувањето на мандатот на досегашниот ректор на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, кој во два мандата успешно раководеше со оваа единствена институција на високото образование во Македонија.

    Новиот ректор е избран со мнозинство од вкупниот број на гласови од членовите на Одборот на Универзитетот.

    Абдулменаф Беџети завршил Економски факултет во Приштина и работел на повеќе раководни места во државниот и приватниот сектор. Во 1996 бил избран за министер за развој во Владата за Република Македонија а во 1997 за Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија.

    Во 2012 година е избран за член на Албанската академија на уметностите и науките а истата година станува член и на Македонската академија на науките и уметностите.

    Абдулменаф Беџети досега работеше како редовен професор на факултетот за Бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира