Академик Георги Старделов падна по скалите на вилата „Уранија“ во Охрид и си ја повреди главата. Осумдесет и осумгодишниот Старделов беше меѓу гостите на свеченото одбележување на 100-годишнината од раѓањето на архитектот Борис Чипан.
При интервенцијата на екипа на Брза помош, академик Старделов велеше дека се чувствува добро. Сепак, однесен е во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ на опсервација.
Свеченоста во вилата на Македонската академија на науките и уметностите ја организираат Архитектонскиот факултет од Скопје, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Општината Охрид, Музејот на Град Скопје и МАНУ. Настанот беше закажан во 12 часот.
Д. ЧУБРИЌ