АКО МОЖЕ ДОКТОР ПО РАБОТА ДА ИМА КАФЕАНА ИЛИ ДА ГРАДИ ЗГРАДИ, МОЖЕ ДА БИДЕ И ДОКТОР ВО ДРУГА УСТАНОВА, ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

    АКО МОЖЕ ДОКТОР ПО РАБОТА ДА ИМА КАФЕАНА ИЛИ ДА ГРАДИ ЗГРАДИ, МОЖЕ ДА БИДЕ И ДОКТОР ВО ДРУГА УСТАНОВА, ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТАФилипче вели дека се менува законот за докторите да заработат дополнително, но и за да се приближи јавната здравствена услуга до граѓаните таму каде во нивните јавни здравствени установи немаат одредени специјалисти. (Фото: СДК.МК)

    Се подготвуваат измени на Законот за здравствена заштита кои ќе овозможат флексибилно искористување на здравствениот кадар. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека докторите кои се вработени во јавното здравство по завршувањето на работното време ќе можат да работат, односно да дежураат во друга јавна здравствена установа.

    „Зошто да може докторот после крај на работно време да има кафеана или да гради згради, а да не може да биде доктор? На активно вработените со новата измена на Законот им овозможиме флексибилност по завршувањето на работното време, да може да работат и да дежураат во други јавни здравствени установи. Прво за да заработат дополнително, а второ за да се приближи јавната здравствена услуга до граѓаните таму каде во нивните јавни здравствени установи немаат одредени специјалисти. Многу детали се во прашање и поради тоа не брзаме со поднесувањето на законот. Ќе отвориме јавна дебата. Мора добро да се смисли, ова е новина во нашиот систем некаква комбинација од САД и Велика Британија во однос на тоа како се ангажирани лекарите“, рече Филипче.

    Запрашан каде ќе го помине летниот одмор по напорните месеци минати во менаџирање на здравствениот систем во битката со ковид-19, Филипче одговори дека од 3 до 13 август ќе одмора во Грција.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира