АКО ПРОДОЛЖИ СЕЧАТА НА ШУМАТА ВО ЉУБОЈНО, ВОДАТА ЌЕ ГО ОДНЕСЕ СЕЛОТО, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИТЕ ЗА ПОРОИТЕ ШТО ТЕЧАТ НИЗ УЛИЦИТЕ ПО ДОЖДОТ

    АКО ПРОДОЛЖИ СЕЧАТА НА ШУМАТА ВО ЉУБОЈНО, ВОДАТА ЌЕ ГО ОДНЕСЕ СЕЛОТО, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИТЕ ЗА ПОРОИТЕ ШТО ТЕЧАТ НИЗ УЛИЦИТЕ ПО ДОЖДОТ„Ете, зошто простетираме повеќе од три месеци! Ако сечата продолжи ридот ќе ни дојде на сретсело. Водата ќе го однесе Љубојно!“, велат жителите. (Фото: СДК.МК)

    Реки води потекоа низ улиците во преспанското село Љубојно, носејќи со себе кал и земја од околниот рид каде летото со гола сеча беше исечен дел од манастирската шума. Жителите кои непрекинато протестираат веќе 102 ден барајќи да не продолжува сечата, велат: „Ете, зошто простетираме повеќе од три месеци! Ако сечата продолжи ридот ќе ни дојде на сретсело. Водата ќе го однесе Љубојно!“

    Летово беа исечени над 1.500 кубици дабови дрвја во шумата над Љубојно во Преспа, по што жителите излегоа со жив штит да ја бранат од натамошна гола сеча. Соголеното место е 400 метри воздушна линија од првите куќи во Љубојно, па постои реална опасност од ерозија на земјиштето и појава на одрони и поплави во селото.

    „По сечата селото се поплавува при секој дожд“, велат жителите.

    Надлежните институции признаваат дека се работи за гола сеча, но велат дека нема прекршување на законите и процедурите.

    Посебниот план е изработен од Јавното претпријатие „Национални шуми“, а одобрен од Министерствата за земјоделство и за одбрана. Тој предвидува сеча на 4.169 кубни метри дрвна маса во двата оддела, 29 б и 30 б, од шумско-стопанската единица Пелистер-Брајчино, за што теренот под концесија беше даден на приватна фирмата од Косел. Годинава со чиста сеча требаше да се исечат 4.169 кубика, а поради протестите се стигна до 1.514.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    МОЖЕ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА НА НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ:

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира