АКО ТРЕБА ЌЕ ДОНЕСЕМЕ И ДЕЦА – СТРУМИЧКА ПАРОДИЈА НА ПРОЕКТОТ НА ГРУЕВСКИ ЗА 140 ГРАДИНКИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АКО ТРЕБА ЌЕ ДОНЕСЕМЕ И ДЕЦА – СТРУМИЧКА ПАРОДИЈА НА ПРОЕКТОТ НА ГРУЕВСКИ ЗА 140 ГРАДИНКИ

    Членови на струмичките граѓански здруженија изведоа пародија за најавениот проект на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за изградба на 140 нови детски градинки. Во големиот Градски парк, тие отворија детска градинка што ја именуваа „Трета радост“ и во која ќе престојуваа пензионери а не деца, бидејки од земјава младите брачни двојки со децата се иселиле во странство заради подобар живот. Во акцијата, додека пензионерите шараа по боенки, млад брачен пар со две деца и спакуван куфер си замина.

    Во акцијата, додека пензионерите шараа по боенки, млад брачен пар со две деца и спакуван куфер си замина (Фото: СДК.МК)

    Во акцијата, додека пензионерите шараа по боенки, млад брачен пар со две деца и спакуван куфер си замина (Фото: СДК.МК)

    Градинката ја отвори граѓански активист со ликот на Груевски, кој истакна дека ако треба ќе се донесат и деца од странство „оти Македонија е лидер во сите области и стотици илјади повратници чекаат на границата да се вратат во својата родна земја“.

    Пародијата, како што кажаа граѓанските активисти од Струмица, е да се разобличат погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ кои натераа над 600 илјади граѓани од Македонија да се иселат во странство, а паертискиот лидер сега најавува изградба на детски градинки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира