АНЕСТЕЗИОЛОГОТ ВЕЛИ ДЕКА ПИЕЛ ОД МАКА ОТКАКО ПОЧИНАЛЕ РОДИЛКАТА ОД ГЕВГЕЛИЈА И НЕЈЗИНОТО БЕБЕ

    АНЕСТЕЗИОЛОГОТ ВЕЛИ ДЕКА ПИЕЛ ОД МАКА ОТКАКО ПОЧИНАЛЕ РОДИЛКАТА ОД ГЕВГЕЛИЈА И НЕЈЗИНОТО БЕБЕОбвинетите доктори на судењето за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе во октомври 2015 година. (Фото: СДК.МК)

    Со сведочењето на докторите гинеколозите Дончо Москов и Венци Чалков, заврши доказната постапка во судскиот процес во кој тројца доктори се обвинети за смртта на родилката од Гевгелија Маја Кадиева и нејзиното бебе. И двајцата не се чувствуваат за виновни и причинат за смртта на Кадиева ја посочуваат кај анестезијата.

    Анестезиологот Томчо Ванчов, кој е првообвинет, објасни од каде во неговата крв има пронајдено алкохол.

    „Бев во толку психичка лоша состојба вечерта, што веднаш по напуштањето на салата и смртта на родилката и бебето отидов до колата и земав шише ‘шток’ кое некој пациент ми го подарил. Се вратив во докторската соба и пиев. Не давав отпор кога ми земаа крв. Ова за мене се мошне тешки моменти и едвај чекам овој процес да заврши“, рече д-р Ванчев.

    Во сведочењето, д-р Москов кажа дека со сето неговото животно и лекарско искуство тврди дека родилката Кадиева не починала од гинеколошки причини, туку од анестезиолошки.

    „Преземено беше сè според протоколите, како гинеколози работевме совесно и по правила и стандарди“, рече Москов.

    Во своја одбрана посочи дека Болницата во Гевгелија функционирала на ниско ниво, што истото го тврдеше и второобвинетот гинеколог д-р Венци Чалков. Тој кажа дека критичниот ден на 22 октомври 2015 година имал четири оперативни зафати во перипдот од 12,30 до 14,5 ч. Но, двајцата гинеколози се разијдоа кој доктор бил оператор при царскиот рез, а кој асистент.

    Доктор Чалков ги кажа причините поради кои родилката Кадиева е одлучено да се породи со царски рез. Тоа било несразмерот помеѓу големината на главата на бебето – измерена на ехо преглед и родилните патишта на родилката. Како и тоа што претходната бременост на родилката завршила со тешко породување со вакуум, со искрварување а бебето било во критична состојба. Според него двајцата анестезиолози имале лоша соработка.

    „Во еден момент на подот од хируршката сала заврши маска наменета за дишење за пациентката. Тоа за мене беше знак дека има некоординираност помеѓу тимот на анестетичари и затоа излегов од салата да го повикам телефонски директорот да ја расчисти состојбата. Кај д-р Јовановски (четврто обвинет, сега починат н.з.) забележав знаци на алкохолизирана состојба. Кога се обидуваше да ја интубира реагирав дека не смее повеќе, ми рече не мешај се ти“, кажа д-р Чалков.

    Обвинети за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, што се случи на 22 октомври 2015 година се анестезиологот Томче Ванчев од Гевгелија и гинеколозите струмичаните Венци Чалков и Дончо Москов за „тешки дела против здравјето на луѓето“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира