Ни жешкото време не ги запре реконструктивните зафати врз античкиот локалитет Хераклеја Линкестис во Битола. Проектот за адаптација и унапредување на археолошкиот локалитет, поддржан со средства од Европската Унија, е во полн ек. Работниците веќе ги заменија дрвените скали за пристап до амфитеатарот со нови метални, кои нудат поголема безбедност и имаат ракофатки. Ова е само дел од активностите предвидени во рамки на прокетот „Смарт-кул-тур“ поддржан од програмата за прекугранична соработка со Алабнија, во кој само за зафатите на Хераклеја се издвоени 132.000 евра.
Градот од времето на Филип Втори, чии остатоци се зачувани до денес, конечно ќе добие пешачка патека каква и што му доликува. Ќе биде поплочена и осветлена со соларни светилки. Ќе се осовремени видиковецот, музејскиот простор, сувенирницата ќе понуди поголем и поразновиден асортиман на музејски сувенири, ќе се постави единиците за контрола на влез, како и изработка на аудиоводичи на седум јазици.
„Помеѓу овие ѕидови, низ овие патеки и покрај нашите мозаици кои се протегаат на површина од преку 1.000 метри квадратни поминауваат просечно околу 20.000 туристи годишно, културните настани ги посетуваат најмалку 10.000 посетители годишно, а сѐ уште имаме простор за унапредување. Очекуваме бројот на туристи и посетители да биде за 35 до 40 процети повисок неземајќи ги во предвид состојбите со појавата на ковид-19“, рече Мери Стојанова, директорка на Завод и музеј Битола.
Археолошкиот локалитет никогаш не бил пристапен за лицата со инвалидитет. Сега се поставува лифт и друга придружна инфраструктура за тие да можат да го разгледаат.
„Не е само да го имате културното наследство туку и да го одржувате и да имате инфраструктура за пристап. За првпат Хераклеја ќе биде пристана и за лицата со посебни потреби, зашто прокетот предвидува инфраструктура за до амфитеатарот и за целиот локалитет“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
При поголеми културни настани, настануваше метеж од автомобили поради тесните патишта до Хераклеја. Сега ќе се реконструира и таканаречениот Римски пат кој води до локалитетот.
„Дел од активностите опфатени со овој проект, а се во надлежност на Општина Битола, е пристапот кон Хераклеја, патот кој треба да обезбеди лесен приод и да биде по стандарди, како и партерно уредување од лева и десна страна, па сите посетители да не се истоштуваат со тоа каде да ги остават возилата“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Прес-конференцијата за промоција на проектот, на кој присуствуваше и евроамбасадорот Самуел Жбогар, се одржа на видиковецот во Херкалеја по сите протоколи за заштита од ковид-19. Жбогар рече дека вкупниот буџет за „Смарт-кул-тур“ е 704.590 евра, од кои 85 проценти ги обезбедува ЕУ, а останатите 15 проценти државата.
„Во моментов, подржуваме 14 проекти во временост од 4,5 милиони евра, тековни проекти, а во септември ќе има нов повик за дополнителни 5 милиони евра за прекугранична соработака. Со Општина Битола соработуваме на пет проекти, а наскоро ќе има и уште еден голем за прочистителна станица за вода и канализација“, рече евроамбасадорот.
Партнери во проектот се Општините Битола и Пустец, Завод и музеј- Битола, Регионален директорат за култура од Корча и МКЦ- Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА