АРМ МИНИРАШЕ ЧЕТИРИ КАРПИ ЗА СПАС НА ШИПКОВИЦА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Шипковица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АРМ МИНИРАШЕ ЧЕТИРИ КАРПИ ЗА СПАС НА ШИПКОВИЦА

    Силната детонација која денеска одекна во близина на Шипковица воопшто не ги вознемири жителите на ова село. Напротив, таа им донесе олеснување, бидејќи им отстрани проблем кој беше присутен еден подолг период. Припадници на АРМ од инженерискиот баталјон успешно минираа и отстранија 4 огромни карпи, кои преставуваа опасност за ова планинско село.

    Во поплавите кои ја зафатија Шипковица минатата година и оние од 6 август годинава, надојдената вода донесе и 5 карпи, секоја тешка со десетици тони. Две се наоѓаа на патот кој води кон селата Бозовце и Вешала, а три беа веднаш над селото. Едната карпа беше рачно разбиена, но другите беа многу големи и не можеа да се отстранат, а како такви претставуваа голема опасност за селото. Жителите на Шипковица стравуваа дека ако повторно се случи големо невреме постои опасност овие големи камења да се оттргнат од своето лежиште и да направат вистински пустош низ селото и на патот кон Бозовце. Тие преку Општина Тетово побараа помош од АРМ, која одговори на повикот и успешно ги минира и раскрши овие карпи.

    “Големината на овие четири карпи е околу 300 метри кубни. Инженерскиот баталјон на АРМ избуши и во карпите постави 20 килограми експлозив. Првин ги разбивме двете карпи кои беа над патот кон Бозовце, а потоа ќе ги разбиеме и двете карпи над селото,“ изјави потполковник Илчо Заковски, заменик командант на инженерскиот баталјон на АРМ.

    Жителите на Шипковица задоволни од брзата и успешна интервенција на војската.

    “Армијата ни заврши голема работа. Ние, жителите на Шипковица, не можевме да ги отстраниме тие големи карпи, затоа им благодариме на војниците што навреме интервенираа и ја отстранија опасноста која беше над селото,“ рече Ќазими Зекирија од Шипковица.

    Но, со ова не се отстранети сите опасности кои демнеат над Шипковица. Потребна е регулација на водените токови кои минуваат низ селото и кои ги направија најголемите штети за време на поплавите, а како превенција за заштита на патот кој води кон селата Бозовце и Вешала потребно е да се изгради мост како едно трајно решение.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира