Градоначалничката Данела Арсовска денеска го назначи Драган Илиевски за нов в. д. директор на Зоолошката градина. Откако утрово САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека три недели во Зоолошка нема директор, а разрешениот Кристијан Стаменов уште директорува, од кабинетот на Арсовска попладнево соопштија дека на оваа функција доаѓа Илиевски.
„Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет, а има завршено магистерски студии по економија“, се вели во соопштението.
Кристијан Стаменов беше разрешен оти закла 15 коњи во градината, за што немал дозвола и против него и уште петорица вработени МВР поднесе кривична пријава.
А. АНТЕВСКА