АРСОВСКА ГО НАЗНАЧИ ЗОРАН ПОПОВ ЗА НОВ В.Д. ДИРЕКТОР НА ЗООЛОШКА, ТРЕТ ЗА ЕДНА ГОДИНА

    АРСОВСКА ГО НАЗНАЧИ ЗОРАН ПОПОВ ЗА НОВ В.Д. ДИРЕКТОР НА ЗООЛОШКА, ТРЕТ ЗА ЕДНА ГОДИНАПопов е дојден во Зоолошката градината во август лани откако на функција беше поставен поранешниот директор Илиевски, како дел од неговиот тим. (Фото: Фејсбук)

    Зоран Попов е нов в.д. директор на Зоолошката градина. Скопската градоначалничка Данела Арсовска го постави Попов на местото на Драган Илиевски кој од денес е директор на ЈП „Водовод и канализација”.

    Попов за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека е назначен на функцијата.

    Попов е дојден во градината во август лани откако на функција беше поставен Илиевски, како дел од неговиот тим.

    Во рок од една година Арсовска постави тројца директори на Зоолошката градина. Прв беше Кристијан Стаменов кој беше сменет оти закла 15 коњи, па на негово место дојде Драган Илиевски, а сега трет директор е Попов.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира