АРСОВСКА ГО ВРАТИ СПОМЕНИКОТ НА ЌОСЕТО СО КАМА В РАКА КОЈ ГО ОТСТРАНИ ШИЛЕГОВ

    АРСОВСКА ГО ВРАТИ СПОМЕНИКОТ НА ЌОСЕТО СО КАМА В РАКА КОЈ ГО ОТСТРАНИ ШИЛЕГОВСпоменикот синоќа беше поставен на кружниот тек кај хотелот „Континентал“.(Фото: Град Скопје)

    Споменикот на Андон Лазов-Ќосето синоќа е поставен на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска го врати споменикот откако во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов беше отстранет од пред судовите.

    „Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија. Андон Лазов-Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание“, напиша Арсовска на својот фејсбук профил по поставувањето на споменикот.

    Одлуката за враќање на споменикот на контроверзниот Андон Лазов-Ќосето (1855-1953) со кама в рака, познат во историјата како ликвидатор на ВМРО, кој си го убил и брата си, беше донесена на Советот на Град Скопје во декември 2023 година.

    За враќање на споменикот гласаа 15 советници од ВМРО-ДПМНЕ, 4 од Левица, по еден од Демократски сојуз, Гром и советничката Ирена Витина која излезе од ВМРО-ДПМНЕ и ја поддржува Арсовска. Според изгласаната одлука, наместо пред комплексот судови, споменикот е поставен на нова локација, до кружниот тек на булевар Александар Македонски кај хотелот „Континентал“.

    Споменикот на Ќосето беше ставен пред комплексот судови во време на ексградоначалникот Коце Трајановски, а кога на функција дојде Петре Шилегов беше отстанет и на негово место беше засадено дрво гинко.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира