АРСОВСКА ЈА НАЗНАЧИ БУЈАРЕ АБАЗИ ОД АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ЗА ЗАМЕНИК-ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СКОПЈЕ

    АРСОВСКА ЈА НАЗНАЧИ БУЈАРЕ АБАЗИ ОД АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ЗА ЗАМЕНИК-ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СКОПЈЕАрсовска денеска свечено ѝ го врачи решението на Абази. (Фото: Град Скопје)

    Скопската градоначалничка Данела Арсовска ја назначи Бујаре Абази, советничка во Советот на Град Скопје од редовите на Алијанса за Албанците, за заменик-градоначалничка.

    „Арсовска денеска свечено го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот. Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист”, соопштија од кабинетот на Арсовска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира