АРСОВСКА НЕ ДОЈДЕ ДА ОДГОВАРА НА СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ СЛАВЕСКИ ВЕЛИ НЕ ЗНАМ ЗОШТО ЈА НЕМА, УРЕДНО Е ПОКАНЕТА

    АРСОВСКА НЕ ДОЈДЕ ДА ОДГОВАРА НА СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ СЛАВЕСКИ ВЕЛИ НЕ ЗНАМ ЗОШТО ЈА НЕМА, УРЕДНО Е ПОКАНЕТАСоветниците на СДСМ ја напуштија салата велејќи дека досега никогаш не се случило градоначалник да не сака да одговара на советнички прашања. (Архивска фотографија)

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска не дојде на седницата на Советот на која на дневен ред беа советнички прашања. Зошто Арсовска ја нема никој не знаеше да каже, ниту беше најавено дека ќе доцни. И претседателот на Советот Трајко Славески, кој ги закажува седницате неколу недели однапред, не знаеше зошто градоначалничката не присуствува на седницата. 

    Советниците од СДСМ од говорницата прашаа зошто градоначалничката ја нема, кога овие седници се одржуваат токму за таа да одговори на прашањата кои до нив ги поставуваат граѓаните. Претседателот Славески рече дека нема информација дали ќе дојде Арсовска, но од негова страна е уредно поканета.

    Потоа беше дадена пауза за од кабинетот на Арсовска да достават информација дали ќе дојде градоначалничката и ако доцни колку време ќе биде тоа. Но, по паузата одговор немаше, па Славески рече дека ќе ја продолжат седницата, а на прашањата ќе одговараат раководителите на секторите и директорите на јавните претпријатија.

    По ова, советниците на СДСМ ја напуштија салата велејќи дека досега никогаш не се случило градоначалник да не сака да одговара на советнички прашања.

    Ваквиот игнорантски однос на градоначалничката само зборува за неа. Очигледно, и после 6 месеци Арсовска не научи што значи да си градоначалник на Град Скопје. Оваа е втора седница за советнички прашања за 6 месеци и малку фалеше да ја немаме. Советничките прашања секогаш се постапуваат до градоначалникот. Крајно омаловажувачки е ваквиот однос кон институцијата Совет на Град Скопје“, рече Љубица Јанчева, советничка од СДСМ во Советот на Град Скопје.

    Арсовска на функцијата градоначалничка на Скопје е 6 месеци и ретко кога одговара на прашања на новинари или свикува тематски прес-конференции. Не одговара ниту на телефонски повици, смс или вибер пораки, а одговор не добиваме ниту од нејзиниот кабинет на прашањата кои ги поставуваме на официјалната адреса на е-пошта.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира