АРСОВСКА НЕ ОДРЖА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА НОВА ГОДИНА ЗА ДА КАЖЕ КОЈ ГО ПЛАТИ УКРАСУВАЊЕТО И КОЈ ЌЕ ПЕЕ ЗА ДОЧЕКОТ

    АРСОВСКА НЕ ОДРЖА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА НОВА ГОДИНА ЗА ДА КАЖЕ КОЈ ГО ПЛАТИ УКРАСУВАЊЕТО И КОЈ ЌЕ ПЕЕ ЗА ДОЧЕКОТАрсовска не кажа кој ќе пее ниту ги повика граѓаните Новата година да ја дочекаат на Плоштадот Македонија. (Фото: К. Попов)

    Градоначалничката Данела Арсовска излажа дека ќе одржи прес-конференција за новогодишното украсување на градот и дочекот на Нова година. На прашањата на новинарите во врска со Нова година и зошто градот до 15 декември не е украсен, дали ќе се украсува и дали ќе има дочек, Арсовска кусо одговараше дека ќе одржи прес-конференција на која ќе ги каже сите детали. Но, таква прес-конференција досега, два дена пред Нова година не е одржана. Со тоа, не се знае колку чини украсувањето на Плоштадот и неколкуте улици во центарот, кој платил за украсувањето со оглед дека тендер Градот не распиша ниту за избор на фирма, ниту за купување украси.

    Арсовска не кажа кој ќе пее ниту ги повика граѓаните Новата година да ја дочекаат на Плоштадот Македонија. Нема ниту официјално соопштение испратено од Градот со информации за новогодишната прослава и програма. Не е соопштено дали годинава, за разлика од лани, на Плоштадот ќе дојде Дедо Мраз и дали ќе има новогодишна програма за деца.

    Дека ќе има дочек на Плоштадот објави пејачката Елена Ристевска која во видеообраќање каже дека заедно со нејзини колеги ќе пејат на Плоштадот во Скопје.

    Елката на Плоштадот во Скопје беше ставена на 18 декември, заедно со десетина куќарки за продавање храна и пијалоци и детски реквизити и вртелешки.

    Арсовска кога не сака да одговори на новинарски прашања постојано вели дека за темата ќе има посебна прес-конференција, која никогаш не се одржува. Градоначалниката закажува и доаѓа на прес-конференции само кога треба да се кара со ВМРО-ДПМНЕ или со Владата. Во првата година од нејзиниот мандат има одржано само неколку прес-конференции, а многу често за да даде изјава го праќа секретарот на Градот Зоран Глигоров кој исто така не одговара на прашања. Арсовска не одговара ниту на телефонски повици и пораки, а целосно неажурна е и нејзината служба за односи со јавност.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира