„АВАНТУРА ПАРК“ СО АДРЕНАЛИНСКИ СОДРЖИНИ ЗА ДЕЦА НАПРОЛЕТ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

    „АВАНТУРА ПАРК“ СО АДРЕНАЛИНСКИ СОДРЖИНИ ЗА ДЕЦА НАПРОЛЕТ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКАЌе содржи реквизити со различни нивоа на предизивик односно ќе бидат поставени лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со препреки. (Фото: Зоолошка градина)

    „Авантура парк“ со адреналински и рекреативни содржини за деца ќе добие скопската Зоолошка градина. Паркот ќе биде отворен за посетителите напролет, а ќе биде донација од Агенцијата за млади и спорт.

    Ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизвик односно ќе бидат поставени лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со препреки и многу други интересни содржини со загарантирана безбедност. Ќе можат да го користат деца над петгодишна возраст.

    „Сакаме Скопје да го има овој парк. Многу европски и светски метрополи имаат авантуристички паркови во природа. Тоа е парк кој служи истовремено за забава и физичка активност за деца над петгодишна возраст. Со децата ќе работат луѓе кои се обучени за тоа. Со директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалникот Петре Шилегов одлучивме бесплатно да го користат децата од сите основни училишта во делот на часовите по физичкото воспитување. Проектот е во изработка и се надеваме дека напролет, Скопје ќе го добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

    Во Зоолошката градина на пролет ќе биде отворен и „Дино парк“, во кој во природна голема ќе бидат поставени 50 диносауруси.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира