АВТОБУС ОД СКОПЈЕ ДО ГОСТИВАР ВОЗЕЛ СО 20 ПАТНИЦИ ВИШОК, ПОЛИЦИЈАТА ГИ СИМНАЛА

    АВТОБУС ОД СКОПЈЕ ДО ГОСТИВАР ВОЗЕЛ СО 20 ПАТНИЦИ ВИШОК, ПОЛИЦИЈАТА ГИ СИМНАЛАВозачот се правдал дека не е негова вина, туку на сопственикот и на недостигот на линии. - Од контрола на автобуси во Гостивар (архивска фотографија)

    Од автобус на „Еуро турист“ на линијата Скопје-Гостивар во петокот попладне полицијата симнала 20 патници, кои биле вишок, објави „Порталб.мк“. Полицијата го сопрела автобусот на влезот на Тетово, најверојатно по пријава на патници кои се жалеле дека се гушат.

    20-мината патници кои биле вишок, билетите ги купиле во автобус. Возачот се правдал дека не е негова вина, туку на сопственикот и на недостигот на линии.

    Како што пишува „Порталб.мк“, вакви случаи има често на линиите од Скопје до Тетово и Гостивар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира