БАДНИКОВИТЕ ОГНОВИ НА ОТВОРЕНО ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА 193, АПЕЛИРА ГРАД СКОПЈЕ

    БАДНИКОВИТЕ ОГНОВИ НА ОТВОРЕНО ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА 193, АПЕЛИРА ГРАД СКОПЈЕНа сила е владината одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор. (Фото: Архива на СДК.МК)

    За да се заштити животната средина и воздухот, како и да се избегне групирање на лица поради пандемијата со коронавирусот, Град Скопје апелира граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено во чест на прославата на Божикните празници. Сите огнови на отворено може да се пријават на телефонскиот број 193.

    Град Скопје потсетува дека на сила е владината одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор во текот на целиот ден.

    „Во изминативе четири години, Градот Скопје интензивно се бори против огновите на отворено и ја спроведува кампањата за пријавување на оган на отворено, со единствена цел – да се заштити воздухот од загадување и да се зачува здравјето на граѓаните“, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира