БАКРАЧЕСКИ МОЖЕ ДА ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА КИНЕСКИОТ ЅИД ВО ЛАГАДИН, УКАЖУВА „ОХРИД СОС“

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БАКРАЧЕСКИ МОЖЕ ДА ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА КИНЕСКИОТ ЅИД ВО ЛАГАДИН, УКАЖУВА „ОХРИД СОС“

    Општина Охрид мора да постапи по барањето на Државниот инспекторат за градежништво и да ја повлече дозволата за градбата на хотелот во Лагадин, а градоначалникот на општината Никола Бакрачески може да се соочи со казна затвор и до осум години затоа што потпишал решение спротивно на важечки урбанистички план, реагира движењето Охрид СОС по одбивањето на советниците од ВМРО-ДПМНЕ да расправаат за хотелот, таканаречен Кинески ѕид во населбата Лагадин што се гради на само десетина метри од езерото.

    Според чл. 244-а од Кривичниот законик, службеното лице во локална самоуправа кое ќе донесе решение за локациски услови спротивно на важечки урбанистички план ќе се казни со затвор од три до осум години, потсетуваат од Движењето. Тие велат дека и „службеното лице подлежи на истата казна доколку при издавањето на бесправно решение за градба му нанесе штета на друг“ и укажуваат дека со градбата на хотелот во Лагадин е нанесена материјална штета на првиот сосед кај кој се сруши терасата и почна да пука бетонската плоча внатре во куќата.

    Општина Охрид не ја стопираше изградбата на Кинескиот ѕид во Лагадин и покрај барањето на Државниот инспекторат за  градежништво и урбанизам општината да го поништи одобрението за градба. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ја донесе одлуката по претставките на активистите  на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“  и сопствениците на куќи и викендички за прекршувања на 12 закони, 1 подзаконски акт и Уставот на Република Македонија.

    Градоначалникот Бакрачески може да биде казнет и според законот за инспекциски надзор. Непостапување по решение издадено од инспекциска служба повлекува плаќање глоба и поведување прекршочна постапка по службена должност.

    Според Општиот акт кој е моментално во сила како плански документ за потегот Лагадин-Пештани се забранува градење во заштитниот појас од 50 метри од највисокиот водостој на Езерото. Од Охрид СОС тврдат дека „актот е донесен без никаква јавна расправа, спротивно на сите демократски начела и принципи, а освен тоа, за него не е спроведена ни задолжителната постапка за оцена на влијанија врз животна средина како што се наведуваше во известувањето од Државниот инспекторат за животна средина“.

    Од Движењето потсетуваат дека наскоро доаѓа реактивната мисија на УНЕСКО на која ќе се решава дали Охрид ќе го задржиме или ќе изгуби статусот на заштита од УНЕСКО и ја обвинуваат Општината дека покажува не само тотална неодговорност, туку и општа неспособност за добро владеење.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира