Општина Штип денеска донесе одлука монтажните бараки кои Бугарија во 2000 ги даде како помош за социјалните случаи во Штип да бидат вклучени во регистарот на надвижен имот.
Станува збор за 15 бараки наменети за социјалните случаи од ромската заедница, од кои 10 беа поставени во приградската населба Три Чешми, а пет во населбата Радански Пат. Три бараки останаа невселени од повеќе причини, делумно и поради негрижа за објектите.
На седницата на Советот беше кажано дека во некои документи фигурирале 19 монтажни бараки, но посебната комисија која излегла на терен во двете населби евидентирала само 15 објекти. Никој немаше одговор зошто дури по 22 години се донесува ваква одлука, но сите советници едногласно ја прифатија.
Откако ингеренциите од државно ниво беа префрлени на локалната самоуправа, се очекува и трите невселени бараки со 55 квадратни метри да се дадат на семејства кои се дел од ранливите категории.
Т. ЈОВАНОВСКИ