БАРАКИТЕ ДОНИРАНИ ОД БУГАРИЈА ПО 22 ГОДИНИ ВЛЕГУВААТ ВО РЕГИСТАРОТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА ОПШТИНА ШТИП

    БАРАКИТЕ ДОНИРАНИ ОД БУГАРИЈА ПО 22 ГОДИНИ ВЛЕГУВААТ ВО РЕГИСТАРОТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА ОПШТИНА ШТИПДел од монтажните бараки добија помошни простории и уредени дворови (Фото: СДК.МК)

    Општина Штип денеска донесе одлука монтажните бараки кои Бугарија во 2000 ги даде како помош за социјалните случаи во Штип да бидат вклучени во регистарот на надвижен имот.

    Станува збор за 15 бараки наменети за социјалните случаи од ромската заедница, од кои 10 беа поставени во приградската населба Три Чешми, а пет во населбата Радански Пат. Три бараки останаа невселени од повеќе причини, делумно и поради негрижа за објектите.

    На седницата на Советот беше кажано дека во некои документи фигурирале 19 монтажни бараки, но посебната комисија која излегла на терен во двете населби евидентирала само 15 објекти. Никој немаше одговор зошто дури по 22 години се донесува ваква одлука, но сите советници едногласно ја прифатија.

    Откако ингеренциите од државно ниво беа префрлени на локалната самоуправа, се очекува и трите невселени бараки со 55 квадратни метри да се дадат на семејства кои се дел од ранливите категории.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира