БАРАЊАТА НА ШТИПСКИТЕ КОНФЕКЦИИ И КОЖАРИ ДА РАБОТАТ ВИКЕНДОВ, ОДБИЕНИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ КРИЗЕН ШТАБ

    БАРАЊАТА НА ШТИПСКИТЕ КОНФЕКЦИИ И КОЖАРИ ДА РАБОТАТ ВИКЕНДОВ, ОДБИЕНИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ КРИЗЕН ШТАБДенеска во Штип има 17 новозаболени, а за 365 лица се донесени решенија за самоизолација.(Фото: СДК.МК)

    Предлогот на Општинскиот кризен штаб на Штип конфекциите и кожарските погони да работат во наредните три дена, Централниот кризен штаб при Владата донел одлука за стриктна забрана фирмите од текстилната и кожарската индустрија во Штип да не работат. Барањата овие фабрики и работилници, всушност, ги поднеле до Општинскиот кризен штаб, а тој до Централниот.

    Забраната да не се издаваат дозволи за работа за време на забрана на движење Кризниот штаб ја донел со оглед на специфичната и сериозна состојба со ширењето на коронавирусот и со најновиот висок пик на заразата во Штип.

    Денеска според информациите на Општинскиот кризен штаб во Штип има 17 новозаболени, а за 365 лица се донесени решенија за самоизолација.

    Наредните денови ќе продолжи тестирањето на вработените во веќе затворените конфекции кои ќе бидат носени до пунктовите и враќани дома под надзор на инспекциски и здрaвствени работници. Утре ќе бидат тестирани 200 работници, а во сабота и недела 230 текстилни работници кои имале некакво контакт со веќе позитивните случаи.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира