БАРОКНАТА ФАСАДА НА ВЛАДАТА ТРИ ГОДИНИ СТОИ РАСПАДНАТА

    БАРОКНАТА ФАСАДА НА ВЛАДАТА ТРИ ГОДИНИ СТОИ РАСПАДНАТАНа објектот се гладаат парчиња железо и дупки. (Фото: К. Попов)

    Барокната фасада на владината зграда три години стои распадната, со паднати парчиња стиропор. На објектот, за кој беа потрошени 17 милиони евра, се гладаат парчиња железо и дупки.

    Власта на СДСМ, во чиј мандат почнаа да паѓаат парчиња од фасадата, не спроведе постапка за реконструкција на распаднатите делови. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека ги разгледува сите објекти на кои им треба реконструкција и во наредниот период ќе се санираат, а ќе се изградат и недовршените.

    „Владата посветува особено внимание на објектите, особено во делот на одржување и нивно инфраструктурно унапредување. Во моментов се прави анализа на состојбата. По утврдување и изнаоѓање на соодветно решение, ќе ја информираме јавноста“, ни одговорија од Владата.

    Фасадата беше реновирана во 2013 кога премиер беше Никола Груевски, во рамките на проектот „Скопје 2014“. Изгледот на оригиналната владина зграда, кој беше еден од најдобрите примери на македонската модерна архитектура, се смени без согласност на авторот Петар Муличкоски. Зградата е изградена во 1970 година.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира