БАЗЕНОТ ВО СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ НЕ РАБОТИ ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА СИСТЕМОТ ЗА ГРЕЕЊЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ПЕТРОВСКИ

    БАЗЕНОТ ВО СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ НЕ РАБОТИ ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА СИСТЕМОТ ЗА ГРЕЕЊЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ПЕТРОВСКИБазенот ќе биде затворен две недели бидејќи се чека делот од Турција. (Фото: СЦ „Борис Трајковски“)

    Базенот во склоп на А1 Арена спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје не работи поради дефект на системот за греење. Директорот на спортскиот центар Александар Петровски вели дека пукнал чилерот кој ја грее водата и поради тоа вратите на базенот се затворени за посетители. Веднаш не може да се реши дефектот бидејќи делот го нема кај нас, па мора да се нарача од Турција.

    „Енергетската криза не е причина за затворање на базенот. Досега сите сметки се платени, а доколку во иднина имаме проблеми ќе бараме помош од Владата. Причината е од технички карактер односно сериозен дефект на системот за греење. Делот е нарачан и треба да стигне за две недели, по што веднаш ќе го отвориме базенот за посетители“, вели Петровски.

    Тој додава дека ваков дефект имало и пред три месеци. Вели дека можеби причина за деловите да се расипуваат побрзо се честите прекини во снабдувањето со електрична енергија .

    Лизгалиштето што е во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ работи нормално.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира