БЕГ СЕ ЗАКАНУВА СО СУДСКИ НАЛОЗИ ДЕКА ЌЕ УПАЃА ВО СТАНОВИ ЗАРАДИ ПЛОМБИРАЊЕ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ ОД ПАРНО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕГ СЕ ЗАКАНУВА СО СУДСКИ НАЛОЗИ ДЕКА ЌЕ УПАЃА ВО СТАНОВИ ЗАРАДИ ПЛОМБИРАЊЕ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ ОД ПАРНО

    „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), фирмата која ги грее скопјани, почна да упаѓа во станови. Кај корисниците кои се исклучени од мрежата остава известувања дека заради контрола и пломбирање на исклучените грејни тела, била во посета на станот но поради отсуство на сопствениците не можела да го заврши пломбирањето па ги замолува во рок од пет дека да се јават во фирмата за да закажат нов термин за посета. На крајот од известувањето стои закана дека правото ќе си го бараат по судски пат ако не им се дозволи пристап.
    Со оваа мерка се опфатени не само становите кои се откажале од централно греење додека тоа е во надлежност на БЕГ, туку и оние кои се откажале уште за време на АД„Топлификација“, односно и оние кои парното го исклучиле пред 2012 година.
    „Ставаме пластични пломби на исклучените грејни тела. Тие, кога биле исклучени од системот за греење биле затворени само со штопни. Сега над нив ние ставаме пломби“, вели човек кој се јавува на телефонскиот број на БЕГ за грижа за корисници и нагласува дека тој не е надлежен да дава официјални изјави, а и не знае кој е надлежен за тоа.
    Според него, рокот од пет дена е ставен само колку да ги исплаши исклучените од парно греење да се јават и да закажат пломбирање на радијаторите. Вели дека ако не се испочитува тој рок, тие повторно испраќаат известување. На прашањето дали ќе ги обиваат становите, ако во станот никој не живее, ако сопственикот е подолго отсутен од државата, или едноставно од различни други причини не го добие известувањето, од таму рекоа: „Не бараме веднаш судски налог за извршување на пломбирањето. Рокот е ставен само како некоја рамка во која очекуваме да воспоставиме контакт со исклучените корисници“, објаснуваат од БЕГ.
    Кај голем дел скопјани исклучени од греењето веќе направиле пломбирање, а постојано договараат и нови термини за контрола на грејните тела и кај останатите. Пломбирањето е бесплатно, станарите немаат никакви обврски освен тоа што задолжително мора да ја пуштат дома екипата. Од БЕГ не добивме објаснување зошто ги пломбираат веќе исклучените радијатори оти нивна екипа, или екипа на „Топлификација“ еднаш веќе ја завршила работата кога корисникот се откажал од греењето.

    Исклучените корисници на услугите на БЕГ кои го контактираа САКАМДАКАЖАМ.МК откако добиле вакви закани велат дека кога се јавиле на контакт телефонот во компанијата им рекле да се жалат во Собранието оти нив тоа им го дозволува законот.
    Слична мерка, со влегување по станови„Топлификација“ имаше пред десеттина години, кога ги охрабруваше скопјани да влегуваат по становите кај соседите и да пријават ако некој има вградено повеќе радијатори од предвиденото за нивни екипи да дојдат и да ги исклучат или пак да им ја зголемат сметката.
    Исклучените од парно излегоа на околу 80 протести на кои јавно бараа да не плаќаат за услуга која не ја добиваат, но се досега не успеаја да издејствуваат таква одлука.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари