БЕСПЛАТНО ЧИПИРАЊЕ НА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ ДО МАРТ, ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ КОИ НЕМА ДА ГО СТОРАТ ТОА КАЗНИ ОД 50 ДО 70 ЕВРА

    БЕСПЛАТНО ЧИПИРАЊЕ НА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ ДО МАРТ, ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ КОИ НЕМА ДА ГО СТОРАТ ТОА КАЗНИ ОД 50 ДО 70 ЕВРААгенцијата за храна и ветеринарство денеска најави дека граѓаните кои чуваат куче или мачка ќе можат во ветеринарните амбуланти во сите градови бесплатно да ги чипираат милениците. Обезбедени се 100.000 чипови и на тој начин ќе можат милениците да бидат регистрирани; -Кучиња скитници на улица Македонија во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Сопствениците на домашните миленици до март наредната година ќе можат бесплатно да им стават чипови, а со минимален намосток да им извадат пасош. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска најави дека граѓаните кои чуваат куче или мачка ќе можат во ветеринарните амбуланти во сите градови бесплатно да ги чипираат милениците. Обезбедени се 100.000 чипови и на тој начин ќе можат милениците да бидат регистрирани.

    „Кампањата трае до крајот на март, односно додека има микрочипови. Поради тоа ги повикувам сопствениците да ја искористат можноста и што побрзо да завршат со оваа обврска. Доколку милениците не се идентификувани можат да добијат казна која се движи од 50 до 75 евра“, посочи директорот на Агенцијата Зоран Атанасов.

    Доколку ја искористат можноста да ги чипираат милениците во рамките на кампањата на АХВ, сопствениците ќе треба да платат само 120 денари за пасошот, а во спротивно чипирањето чини 800 денари. Ќе се спроведува во 135 ветеринарни амбуланти низ земјава, а списокот ќе биде достапен на веб страната на Агенцијата.

    „Процедурата за чипирање е целосно безбедна и безболна за животните, а од друга страна е во интерес на сопственикот бидејќи кога и да биде заловено или изгубено ќе може полесно да се најде и да се врати. Проверката дали некое животно е чипирано или не ќе се врши во прифатилиштата за животни“, рече Томислав Николовски, претседател на Ветеринарната комора.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира