БЕСПЛАТНО ЧИПИРАНИ 54.223 КУЧИЊА, 150 ЕВРА КАЗНА ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ КОИ НЕ ГИ РЕГИСТРИРАЛЕ МИЛЕНИЦИТЕ

    БЕСПЛАТНО ЧИПИРАНИ 54.223 КУЧИЊА, 150 ЕВРА КАЗНА ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ КОИ НЕ ГИ РЕГИСТРИРАЛЕ МИЛЕНИЦИТЕОд 1 април акцијата продолжува, но сега сопствениците на милениците ќе треба да платат 200 денари за аплицирање на микрочипот. - Улични кучиња со туристи во Скопје. (Фото: К. Попов)

    За седум месеци бесплатно се чипирани 56.266 домашни миленици, односно 54.233 кучиња и 2.030 мачки, во рамките на акција на Агенцијата за храна и ветеринарство. Од први април акцијата продолжува, но сега сопствениците на милениците ќе треба да платат 200 денари за аплицирање на микрочипот.

    „Иако е пролонгиран рокот за искористување на набавените бесплатни 100 илјади микрочипови до крајот на годинава, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе вршат контроли и ќе изрекуваат казни на неодговорните сопственици кои нема да ја почитуваат законската обврска и нема да го идентификуваат миленикот со микрочип и не ги вакцинираат милениците против беснило. За неидентификување на миленикот со микрочип, согласно одредбите од Законот за идентификација и регистрација, казната изнесува од 100 до 150 евра во денарска противвредност за физички лица и 1.000 евра за правните лица“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Согласно обврската од Законот за заштита и благосостојба на животните, сопствениците на кучиња треба да ги пријават своите миленици еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес со цел да ги регистрираат и идентификуваат, но и за да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита на животните, односно за да примат задолжителна вакцина против болеста беснило. Доколку не постапат по оваа одредба, на сопствениците на кучиња ќе им се изрече казна во висина од 10-15 евра во денарска противвредност и 100 евра во денарска противвредност за правните лица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира