БЕТОНСКИ ПЛОЧИ ОД 2 ТОНА СЕ ДРЖАТ НА ДРВЕНА ГРАЃА ВО ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО ВЕЛЕС

    БЕТОНСКИ ПЛОЧИ ОД 2 ТОНА СЕ ДРЖАТ НА ДРВЕНА ГРАЃА ВО ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО ВЕЛЕСЧетири децении откако базенот е изграден нема никаква сериозна реконструкција, арматурата се гледа со голо око и е `ргосана (Фото: СДК.МК)

    Бетонски плочки тешки скоро 2 тона се потпираат со дрвени столбови, а просториите прокиснуваат во Градскиот базен во Велес. Откако во 1979 беше изграден од Југословенската народна армија (ЈНА) за тогашните армиски игри на војската, ништо не е е санирано. Во подземениот дел може да се види дека досегашниот корисник за да ги надмине тековните проблеми  бетонските плочи ги потпрел со дрвена граѓа.

    По реакциите на социјалните мрежи зошто летово Велес ќе биде без базен, локалната власт на терен ја презентираше фактичката состојба.

    Арматурата не смее да биде изложена на атмосферски влијанија. Овде хлорот го сторил своето, го растурил бетонот и со голо око се гледа арматурата. На неа има влијание и таа е `ргосана (Фото: СДК.МК)

    „Не постои градежен инженер во земјава што ќе потпише дека објектот може да биде во употреба“, велат градежните инжинери Снежана Дервишова и Весна Сугарева.

    Тие велат дека бетонските плочи околу водената површина се истрошени поради забот на времето. Една таква од димензии 1,5 метри должина, 50 см широчина и 15 см дебелина е тешка 1,7 тони. Има и поголеми кои тежат до 2 тони има и помали кои се тешки 200 кила. Вкупно околу базенот има бетонски плочи чија вкупна тежина е 150 тони или 65 кубика бетон, а под нив празен простор, каде со дрвени талпи се потпираат овие плочи.

    „За да може да се изврши каква било активност во подрумските простории, тие плочи треба да се кренат. Не постои начин, не постои човек кој кој ќе ги крене освен механизација. За таа да дојде до тука мора сè да се растури околу базенот. Тоа се градежни машини на кои им треба пристап“, рече Сугарева.

    Таа додава дека Градскиот базен е изведен како полумонтажен тип на градба со одреден век на траење и четири децинии таму нема изрвшено сериозна реконструкција.

    „Хлорот од водата за базенот со години ја разградувал структурата на бетонот не само од монтажните плочи, туку и од самиот базен како појас. Паднат е најнискиот слој од бетон и се гледа со голо око `ргосаната мрежа, арматурата. И таа е изедена со времето и сега е со помал профил отколку што била. Ако постоела добра вентилација можеби состојбата не би била толку лоша. Арматурата не смее да биде изложена на атмосферски влијанија. Овде хлорот го сторил своето, го растурил бетонот и со голо око се гледа арматурата. На неа има влијание и таа е `ргосана“, рече Сугарева.

    Стручните лица од јавното комунално претпријатие „Дервен“ потенцираат дека има потреба од нова опрема за хлорирање. Стручњаци од Институтот за сеизмологија и земјотресно инженерство, во март годинава беа на увид и препорача целосна санација. Пресметките се дека тоа ќе чини 3,1 милион денари, пари кои локалната власт ги нема во моментов.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира