БЕЗ ДОКТОРИ И СО НАМАЛЕН БРОЈ ОПЕРАЦИИ ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ЗДРАВСТВОТО

    БЕЗ ДОКТОРИ И СО НАМАЛЕН БРОЈ ОПЕРАЦИИ ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ЗДРАВСТВОТОЗграта во која била болницата во 1917 година сега е со реновирана фасада (Фото: СДК.МК)

    Велешката Болница има недостиг на доктори и друг здравствен персонал, а лифтовите се стари 21 година и во нив се возат и болни и здрави и починати, беше речено денеска на одбележувањето на 7 Април, Денот на здравството. Од Министерството за здравство и од Министерството за финансии, директорот побарал итно вработување на 15 лица, при што докторите веднаш би заминале на специјализација.  Недостигот на доктори и медицински персонал го намалил и  бројот на  потешки оперативни зафати во ЈЗУ Општа Болница Велес.

    „Како и  секаде во државата, имаме недостаток од основните специјалности – општи хирурзи  и за дигестивна хирургија и гинеколози. Имаме договор со Гинеколошко-акушерска клиника од Скопје, па така  освен три наши доктори специјалисти имаме и три  кои доаѓаат од Скопје. Што се однесува до хирурзите, имаме доставено  барање  за решавање на овој проблем. Намален е бројот на  потешки оперативни зафати поради недостиг на  доктори“, рече Димитар  Стровјаноски директор на ЈЗУ Општа Болница Велес, на одбележувањето на  7 Април, Денот на здравството.   Директорот е  задоволен  што нема поплаки од пациентите.  Се пофали и  со новините во работата оти, потенцира дека во болницата бил  концентриран добар дел од интелектуалната елита на Велес.

    „Во кругот на болницата ги  донесовме сите специјалности, со повлекување на амбулантите од Здравствен дом, со цел пациентите да не скитаат по градот од една до друга амбуланта. Останува уште една која, исто така, ќе се префрли во болницата. Направивме достапност на специјалистите најмалку од 14 часа, во текот на денот, а основните специјалности на 24 часа во текот на еден ден“,  рече д-р  Стровјановски, потсетувајќи дека го намалил долгот.

    Тој најави дека  се во фаза на набавка на три нови лифтови оти постојните се стари 21 години, а едниот не работи четири години. И болни и здрави и починати и заразени  и  храна и итни случаи, се пренесуваат со еден лифт.

    П.ПЕЧКОВ

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира