Вработена во велешката библиотека „Гоце Делчев“ е позитивна на ковид-19, поради што е затворена оваа оваа локална институција. Превентивно, откако и четворица вработени се испратени во изолација, одлучено е таа да не работи.
„Одлучивме дека е најдобро, во интерес на читателите, библиотеката да не работи сè додека не мине периодот на изолација за вработените“, рече градоначалникот Аце Коцевски.
Тој кажа и дека вработен во локалната власт е позитивен на ковид-19.
„Службите во Општина Велес продолжуваат да работат, иако имаме тројца вработени кои се во изолација“, рече Коцевски.
Изминатава седмица во основното училиште „Васил Главинов“ регистрирани се два случаја на наставнички позитивни на ковид-19, а исто толку и во хемиското училиште „Димитрија Чуповски“.
П. ПЕЧКОВ