БИЛЕТОТ ЗА ЦЕЛ ДЕН ВОЗЕЊЕ ПОЧНА ДА СЕ ПРОДАВА И ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“

    БИЛЕТОТ ЗА ЦЕЛ ДЕН ВОЗЕЊЕ ПОЧНА ДА СЕ ПРОДАВА И ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“Билетот чини 120 денари и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден. (Фото: СДК.МК)

    Дневниот билет за цел ден возење со јавниот превоз од оваа недела може да се купи во автобусите на ЈСП „Скопје“. Тој чини 120 денари и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, односно може да се користи за неограничен број преседнувања на сите линии, во период од 5 часот до полноќ. Не важи за ноќните линии.

    Досега, дневниот билет беше достапен единствено во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.

    Освен овој тип на билет, како олеснителна околност за сите оние корисници на јавниот превоз кои не поседуваат електронска картичка ‘Скопска’, постои опција за валидирање билет со мобилната апликација ‘Скопска’, која од неодамна е целосно функционална. Апликацијата претставува замена за неперсонализираната електронска картичка ‘Скопска’, практично таа е виртуелна автобуска карта. Апликацијата е достапна за корисници на смарт мобилни телефони со андроид или ИОС оперативен систем“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Вчера од јавното претпријатие апелираа до патниците да носат маски во автобуските поради зголемениот број на случаи на ковид-19.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира