БИСЕРА ОД НЕЗНАЕЊЕ МЕ ПРОЗИВА ЗА ХОТЕЛОТ КАЈ ЛАГАДИН, НЕКА СИ ЈА ПРОЗВЕ ВЛАДАТА, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД КИРИЛ ПЕЦАКОВ

    БИСЕРА ОД НЕЗНАЕЊЕ МЕ ПРОЗИВА ЗА ХОТЕЛОТ КАЈ ЛАГАДИН, НЕКА СИ ЈА ПРОЗВЕ ВЛАДАТА, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД КИРИЛ ПЕЦАКОВПецаков вели дека оваа одлуката потпишана од градоначалникот Благој Бочварски е мериторна односно конечна и Општината не може веќе да постапува.

    Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека Општината не може да го стопира градењето на хотелот кај Лагадин како што вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска кога Министерството за транспорт носи одлуки со кои тоа се дозволува.

    Пецаков денеска на прес-конференција кажа дека второстепената комисија за транспорт и врски на 1 декември 2022 донела одлука со која се поништува одлуката на Општината за ништовноста на дозволата за градба за хотелот кај Лагадин. Но, овој пат оваа одлука потпишана од градоначалникот Благој Бочварски е мериторна односно конечна и Општината не може веќе да постапува.

    Оваа одлука сега е мериторна односно не се враќа на одлучување на првостепениот орган односно Општината. Како да постапи сега Општината и зошто министерката мене ме повикува? Ми се чини дека тоа е направено од незнаење. Tаа е министерка за култура, а не за транспорт и врски“, рече Пецаков.

    Министерката Костадиновска-Стојчевска во средата ѝ препорача на Општина Охрид да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022.

    Изградбата на хотелот во Лагадин прекршува вкупно 12 закони, 1 подзаконски акт и не е во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. Дополнително, Инспекторатот за животна средина потврди дека градбата се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото во кои не се дозволени објекти од цврста градба.

    Хотелот почна да се гради на почетокот на крајот на 2016 година, во време кога градоначалник на Охрид беше Никола Бакрачески.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира