БИТОЛА ПРЕКУ СОРАБОТКА СО ГРЧКИ ОПШТИНИ ЌЕ НАБАВИ ДВЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

    БИТОЛА ПРЕКУ СОРАБОТКА СО ГРЧКИ ОПШТИНИ ЌЕ НАБАВИ ДВЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛАЕлектричните возила ќе бидат ставени на располагање на граѓаните, најави градоначалничката на Битола Наташа Петровска (Фото: СДК.МК)

    Општина Битола преку проект за прекугранична соработка со грчки општини од ИПА фондовите ќе набави две возила на електричен погон. Станува збор за минибус и едно помошно возило. Во проектот „Интеграција на зелен транспорт во градовите“ вклучени се и општините Ресен и Лерин и општинското претпријатие од Преспа, кои ќе добијат по две вакви возила. Воедно ќе бидат поставени и четири соларни станици за полнење на батериите на возилата.

    „Започнуваме со интергиран систем на зелен транспорт, што е потреба и предизвик на модерното време. Ќе бидат набавени две електрични возила, минибус и помало возило, кои ќе бидат ставени на располагање на нашите граѓани. Ова е почеток на нешто што ќе биде насока во која треба да се движи не само општината, туку и државата“, рече градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

    Во проектот се вклучени и Технолошко-образовниот институт на Западна Македонија во Грција и Универзитетот Патрис, од каде ќе бидат вкучени и професори.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари